Московското метро е едно од најубавите благодарение на орнаментите, мозаиците, мраморот и детално украсените колонадами поради што често се нарекува и „Подземна палата“. Тој железнички „музеј“ на бурно руско минато е раскошко осмислен во чест на Сталин и партијата.
Сталин за изградбата на Метро 1 ги избрал најдобрите архитекти и уметници. Нивната заедничка работа резултирала со спој на класицизам, барок и реализам преку кои им се одала почест на најзначајните личности, револуцијата, успесите во спортот…
Со 12 линии, 214 станици и 364 километри, метрото не планира да застане. До 2020. година би требало да добие уште 76 станици.

Длабоко под земјата наводно постои и Метро 2. Јавна тајна за подземната московска железница изградена во време на почетокот на студената војна и натаму предизвикува контроверзии.
https://youtu.be/RdJNkb5QK5g
Сојузната служба за безбедност на Руската Федерација ниту има потбрдено, ниту пак го негира постоењето на железницата Метро 2, која наводно се наоѓа на длабочина од 50, па дури и 200 метри под земјата, означена со Д-6, кодно име од КГБ.
Наводно го поврзува Кремљ со седиштето на Сојузната служба за безбедност на Руската Федерација, како и аеродромот Внуково и подземниот град Раменки. Краците на линијата допираат далеку надвор од Москва спојувајќи локации од национална важност. Некои сметаат дека водат до тунели кои го прекриваат поголемиот дел од Русија.


