Министерството за образование и наука испрати телеграма со сочувство за смртта на Адбилаќим Адеми, кој го раководеше МОН од 2014 до 2016 година.
– Министерството за образование и наука изразува искрено жалење и упатува длабоко сочувство до семејството и пријателите на поранешниот министер за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој почина во текот на вчерашниот ден. Адбилаќим Адеми беше на чело на Министерството за образование и наука во периодот од 2014 година до 2016 година кој беше обележан со многу промени и иницијативи во рамките на образовниот систем на Република Македонија. Нека почива во мир, пишува во телеграмата на МОН. /МИА