Лидерот на екстремистичката расистичка организација Република Флорида, Џордан Џереб изјавил дека обвинетиот нападач од Флорида, Николас Круз бил член на неговата група и дека учествувал во нивните паравоени вежби во Талахаси.
Николас Круз е приведен откако во среда во средно училиште во Паркленд, Флорида започна пукање и усмрти 17 лица, а обвинет е по 17 точки за убиство со предумисла.
Џордан Џереб за АП, објаснува дека неговата група сака Флорида да стане само нивна лична држава на белците и дека се спроведуваат „спонтани демонстрации“, а се обидува да не учествува во модерниот свет.
Loading...
Тој нагласил дека не го познавал Круз лично и дека тој „се однесувал според сопствените убедување по однос на тоа што го направил и дека само тој е одговорен за тоа“.
Џереб исто така рекол дека Круз имал проблеми со девојката и дека верува оти за време на нападот кој е изведен на Денот на вљубените, не е случајност.