Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода во текот на денот ќе бидат улиците „521“, во населбата Ајдучка Чешма, „40“ во населба Карпош, како и „Ѓорче Петров“ и „17ти Бригади “, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ се на терен и интервенираат за нормализирање на снабдувањето.