Сподели со своите пријателиПоследните санкции кои ОН ги прогласи против Северна Кореја претставуваат „акт на војна“ ојавило севернокорејското министерство за надворешни работи преку службената агенција KCNA. – Во целост ги отфрламе последните санкции на ОН како насилен упад на сувереноста на нашата република и акт на војна кој ќе го уништи мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и регион, пренесува KCNA. Советот за безбедност на Обединетите нации во петок едногласно воведе нови санцкии за Северна Кореја со кои се забранува изворз од оваа земја за околу 90% од нафтените производи, а извозот на сирова нафта се ограничува на милион барели годишно. Исто така наредено е враќање во тактковината на сите државјани на Северна Кореја кои работат во странство во рок од 12 месеци. – САД целосно се престрашени од нашето историско остварување на државна нуклеарна сила, па се повеќе влегуваат во постапки со кои ни носат настроги санкции и вршат притисок врз нашата земја. Ние и натаму ќе ја зајакнуваме нашата одбрамбена сила кој има за цел искоренување на американската нуклеарна закана, уцени и непријателски постапки со воспоставување праткична рамнотежа на силите на САД, додава Пјонгјанг. Резолуцијата за санкциите кои ги активираа САД и нејзините следбеници, Пјонгјант ги отфрла и ги дефинира како тешко кршење на сувереноста на земјат аи како акт на војна со кој се напаѓа мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и регионот. Северна Кореја исто така предупредува дека оние кои гласале за резолуцијата ќе се соочат со гневот на официјален Пјонгјанг. – Оние земји кои кренаа рака за резолуцијата за санкциите во целост се одговорни за сите последици кои ќе произлезат од таа резолуција и ние гарантираме дека засекогаш ќе платат висока цена за тоа што го направија, стои во соопштението. 2017-12-24