Според мислењето на др. Џон Маер тоа што сонуваме одредена личност може да има различно значење и може да се случи поради различни причини.
Тој додава дека тоа се случува затоа што имаме преоблеми да ги спакуваме податоците во нашиот мозок. Тоа што некои луѓе се појавиле во нашиот сон може да биде последица дека за таа личност сме размислувале или некоја ситуација влијаела на мозокот како потсетник на таа личност.
– Ние немаме контрола над тоа како некоја информација која ја добиваме во текот на денот ќе влијае на нашиот мозок додека спиеме. Поради тоа некои луѓе може да доживеат непријаност.
Доколку ги сонувате вашите родители тома може да значи некој нерешен проблем кој го имате со нив или спомени од детството. Исто така, чувството на осаменост може да доведе да ја сонувате својата мајка или да ја повикувате во сонот затоа што покрај неа се чувствувате сигурно.
Познати личности често сонуваме ако пред спиење гледаме телевизија. Бидјеќи нашиот мозок немал доволно време да ги преработи информациите, тој ќе продолжи додека тонеме во сонот па може да се случи да сонуваме некој актер или актерка.
Непријатно искуство може да биде ако во оснот налетате на бившито партнер. Тоа што го сонувате не значи дека се уште сте вљубени во него/неа или имате нерешени емоции. Можеби со него сте имале одличенс екс и сега ви недостасува тој физички контакт. Можеби во сонот го повикал парфемот кој сте го користеле додека сте биле заедно.
Некои активности кои сте ги практикувале со пријателите па сте преспиеле, а сега ги правите сами, може да биде „тригер“ за тоа пријателот да ви се појави во сонот.
Кога го сонувате шефот или некоја слична авторитативна фигура тоа може да биде последица на зголемена работа или некоја критика која сте ја добиле тој ден па дополнително ве оптеретила. Исто така може да биде последица на анксиозност и стрес на работа.