Стотина учесници беа дел од овогодинешното, петто по ред издание од Атлетскиот митинг „11 Октомври“ кој по повод Денот на востанието го организира Атлетскиот клуб Куманово.
Loading...
За прв пат годинава, оваа спортска манифестација имаше меѓународен карактер кад еучество зедоа и атлетичари од Бугарија. Од 12 до 14 часот вкупно 17 дисциплини, меѓу кои тркачки, скок во далечина и височина, фрлање ѓуле и штафета.
– Овој Атлетски митинг држи една убава традиција, не посетуваат повеќето клубови од Македонија, имаме и програма за основните училишта, за деца што не тренираат атлетика, да дојдат да видат како изгледа една трка. Имаме и оваа година една екипа од Бугарија, со машки и женски членови што е дојдена, така и оваа година традицијата продолжува, овој атлетски митинг е меѓународен, а ќе има и трка за рекреативци, ќе пробаме да го потикнеме оној спортски дух кај луѓе што не се занимаваат професионално со атлетиката, изјави Филип Колевски тренер на АК Куманово.
И овогодинешната манифестација е под покровитекство на Сојузот на спортови на град Куманово, од каде најавуваат дека атлетиката и сите други спортови во градот секогаш ќе добиваат поддршка од локалната самоуправа.
– Општинскиот сојуз на спортови констатно дава поддршка на овој спорт, но и на сите други спортови условно, бидејќи знаете дека во Општинскиот сојуз на спортови се зачленети некаде околу шеесетина клубови од Куманово. И понатаму ќе даваме поддршка во сите сфери, и логистичка и финансиска на овие клубови според можностите и според програмата на Општина Куманово и Советот и мислам дека кралица на спортовите е атлетиката, ќе си го заземе своето месето и гледате самите дека се поголем број млади луѓе се заинтересирани за овој спорт што е и еден од предусловите за развиток на спортот и мисалм дека атлетиката ќе заземе свое место во општина Куманово, онака како што доликува, изјави Сашо Петрушевски, претседател на Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово.
Loading...
Мерењата беа извршени електронски, а најдобрите од сите категории освоија медали, благодарници за учество и пехари.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...