Искусен експерт за змии бил пронајден мртов во својата спална соба само неколку метри од својот миленик питон, кој избегал од кафезот.
Љубителот на животни Дан Брандон (31) претрпел сериозни повреди од кои починал во својот дом во англискиот град Хампшир, каде живеел со своите родители и бројни егзотични миленици, пишува Дејли мејл.
45 минути сурова борба на двајца питони поради женка (видео)
Неговиот профил на социјалните мрежи е исполнет со фотографии од него и питони, а пријателите коментирале дека „не е нормален“. На една фотографија е обвиткан со албино питон, чија просечна должина е од 5,5 метри и тежина од 71 килограми.
– Беше опседнат со диви животни, змии, пајаци и птици, велат неговите пријатели.
Полицијата ја потврдила неговата смрт, а истрагата упатува на тоа дека го усмртил токму питонот. Сепак, истрагата се уште е во тек, а допрв треба да се истражи дали змијата учествувала како причина за смртта.
Човек извлечен од утробата на питон долг 7 метри (вознемирувачко видео)
Истражителите чекаат целосни токсиколошки резултати од обдукцијата. Од нив ќе зависи дали ќе се отвори истрага.
Покрај тоа што бил затечен во близината на телото на сосптвеникот, негов пријател смета дека питонот нема никаква врска со неговата смрт.