Со доста хумор, научни објаснувања и многу пениси во тегли, исландскиот Музеј на пениси во Рајкјевик продолжува да ги руши тубата за омилениот орган на машкото тело.
Овој музеј веројатно е единствен од овој вид во светот каде може да се најде колекција на фалуси од сите видови цицачи кои живеат на Исланд.
Музејската колекција брои над 200 пениси и делови од машки полови органи од суштества ки живеат на Исланд, вклучувајќи и китови, моржеви, но и луѓе.
Овој музеј е толку познат и ценет што неколку мажи ветиле дека кога ќе преминат нивните пениси можат да бидат донирани тука. Еден од нив, Американецот кој истетовирал ѕвезда на својот пенис сака да го донира додека е жив.
Кустос и директорот на музејот Сигурдур Хјартарсон истакнува дека не може да одлучи која колекција му е поомилена.
Имам омилени пениси во секоја колекција, но најмногу го сакам пенисот на китот затоа што е голем, а и моржот затоа што бил многу стар пример на животно кое за завлекло во јазбина и починало. Исто така прекрасен е и пенисот на ирвасот, затоа што има убава боја, но и пенисот на жирафата кој изгледа како да е вонземјански – вели тој.
Собирањето пениси го започнал неговиот татко во седумдесетите години и тоа прво започнал од пениси на бикови и китови, за да во 1997 година кога имал доволно различни пениси, официјално отворил музеј.
https://www.youtube.com/watch?v=3qPeAkN93i4