„Ловецот на мигранти“ од Бугарија, Динго Вилев купил хеликоптер со вооружување, за да открива потенцијални џихадисти, за што добил дозвола и од бугарската Влада.
Дваесет и деветгодишниот Динко Вилев стана познат минатата година поради „лов на мигранти“ во Бугарија, а сега купил и хеликоптер за да патролира и бара потенцијални џихадисти, пишува британскиот „Дејли мејл“.
Loading...
Тој ловец на мигранти, за чија глава Исламската држава ветува награда, стана познат минатата година кога на интернет зпаочна да поставува видео-снимки на кои се гледа како брка мигранти кои во Бугарија влегле преку Турција.
Поранешниот полупрофесионален ‘рвач покажал како ги застрашува мигрантите при лов во шума, заедно со уште неколку колеги.
https://www.facebook.com/Dinko.Valev.Yambol/videos/1642631012702486/
Во неговиот филм се гледаат и жени и деца кои се приморани да лежат на земја, со рацете врзани на половината.
Ова би го опишал како обична спорска активност. Не можете да опишете спортист како насилник – рекол Вилев.