45% од Македонците „тагуваат“ по Југославија

Сподели со своите пријатели

Поради распадот на поранешна СФРЈ најмногу се жалат жителите на Србија и Босна и Херцеговина, покажала книгата „Стратегија на симболична изградба на нација во државите од југоисточна Европа“, а настанала како резултат на проектот на истражување на јавното мислење спроведено од ИПСОС.

Според тоа истражување дури 71% од населението на Србија жали за распадот на Југославија, во БиХ тој процент е 68, а жалат и 45% од Македонците.

За распадот на поранешната СФРЈ најмалку жалат Хрватите, само 18%, а уште помалку жителите на Косово.

Истражувањето опфатило 10.500 жители од регионот, без Словенија и дало показатели за ставовите на луѓето во југоисточна Европа и нивната приврзаност за новонастанатите држави, односот кон религијата, националните симболи, минатото, односите со другите народи и прашање за вината за минатите војни.

Резултатите се сведуваат на тоа дека никаде на просторите на поранешна СФРЈ не е формирана толку силна нација како во Хрватска или со други зборови, на цела поранешна Југославија.

Истражувањето кое се однесува за ставовите поврзани со војните од деведесетите години од минатиот век, но и државните граници покажале длабока поделеност измеѓу Србија, БиХ и Хрватска.

 

Loading...