Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово вчеравечер беа вклучени во акцијата за спасување на завеаните патници на патот меѓу селата Љубодраг и Ново Село.
Во интервенцијата биле вклучени тројца пожаникари со едно противпожарно возило, а акцијата за спасување се двивала во период од 19 до 20:30 на потегот меѓу селата Љубодраг и Ново Село.
Во меѓувреме вчеравечер на стариот пат Куманово-Скопје се одвиваше вистинска драма кога неколку возила останаа завеани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во акцијата за спасување беа вклучени и полицијата, ЦУК, ДЗС, како и припадници на Општинската организација на Црвениот Крст од Куманово кои помогнаа да бидат евакуиарни лица од 16 завеани возила.
Loading...