Loading...
Косовскиот портал Бота Сот објави фотографија направена во моментот кога вооружената група ја преминала границата меѓу Косово и Македонија пред нападите во Куманово.
Како што пишува Бота Сот, повикувајќи се на натпис од Газета Експрес, на оваа фотографија се наоѓаат шест од деветте членови чии тела утринава во 4 часот, беа транспортирани во Косово, преку граничниот премин Качаник.
Телата на ликвидираните членови во Приштина беа пречекани со најголеми почести, и со многубројни албански знамиња наредени во колона. Косовските власти како што беше соопштено, побараа нова обдукција на деветте тела.
Фотографијата како што наведува Бота Сот, рапидно се шири на социјалните мрежи.