Димитриевски од Радовиш: ЗНАМ континуирано расте, ја зајакнува својата структура и гради политика на конкретни резултати и одговорност кон Македонија!

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби со граѓаните низ државата, на кои ги презентира резултатите од двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери, но и политичката визија и обврските за периодот што следува.

Во рамки на панел-дискусијата во Радовиш, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, се обратија претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседателот на Движење ЗНАМ, Борче Серафимовски, директорот на Казнено-поправниот дом – Прилеп, Емил Јанески, и пратеничката во Собранието на Република Македонија и членка на Координативното тело на Клубот на жени на ЗНАМ, Даниела Белимова.

 

 

Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски, истакна дека двегодишниот отчет не е само сумирање на сработеното, туку потврда дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните и дека продолжува да се развива како сериозна, организирана и државотворна политичка сила. Посебно го нагласи организациското јакнење на ЗНАМ, формирањето на Клубот на млади и неодамнешното основање на Клубот на жени, како важни чекори во градењето широка политичка структура со активна улога на жените и младите во креирањето на политиките и носењето одлуки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

„ЗНАМ не е проект за едни избори, ниту политичка структура што постои заради функции и привилегии. ЗНАМ е движење со јасна идеја, принципи и одговорност кон Македонија. Денес не само што ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред граѓаните, туку и ја градиме нашата организација за иднината. Формирањето на Клубот на жени е важен чекор во тој процес. Сакам жените во ЗНАМ да бидат присутни таму каде што се носат одлуките, да имаат простор, глас и реално влијание. Градиме структура во која секој човек што верува во нашите вредности има можност да придонесе. Нашата сила не е во бројот на функции, туку во луѓето, идеите и работата зад кои стоиме“ истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

 

 

Говорејќи за конкретните резултати од работењето, Димитриевски ги посочи капиталните инвестиции во општините, зголемувањето на платите во повеќе сектори и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Во рамки на инвестицискиот циклус се реализираат околу 1.300 капитални проекти низ општините, со инвестиции во локалната инфраструктура, водоснабдувањето, образованието и подобрувањето на условите за живот.

„За нас политиката не е натпревар во ветувања, туку обврска да создадеме резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот. Зад бројката од 1.300 капитални проекти стојат општини што добиваат нова инфраструктура и подобри услови за развој. Зад зголемувањето на платите стои почитта кон трудот, а зад растот на пензиите стои одговорноста кон генерациите што со децении ја граделе оваа држава. Не тврдиме дека се е завршено. Но, можеме да кажеме дека работиме, дека преземаме одговорност и дека не отстапуваме од обврската да испорачаме подобра и посилна Македонија. Тоа е разликата меѓу политиката на зборови и политиката на резултати“ порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

 

 

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, затоа што отчетноста не е еднократен настан, туку принцип на политичко дејствување и одговорност пред граѓаните. ЗНАМ продолжува да ја гради својата организација, да ги зајакнува своите структури и да се бори за политики што носат конкретни придобивки, економски развој, достоинствен живот и функционална држава.