Маск најави дека секое родено дете во САД ќе добие две акции од SpaceX

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие две акции од неговата компанија SpaceX – една од компанијата, а другата од него лично.

„Секое дете во Америка ќе добие две акции од SpaceX: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Уште во октомври, Маск вети дека во 2027 година ќе му подари една акција од „SpaceX“ на секое дете во САД, а со своето последно соопштение објави дека подарокот ќе се удвои.

Според податоците од CNN, Маск поседува околу 4,8 милијарди акции од компанијата, додека на 1 јули 2025 година во САД живееле околу 72 милиони деца под 18 години, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имигрант доби милион долари на лотарија во Бостон: Уапсен е и сега се соочува со депортација