Британија преместува воени авиони во хангари и размислува за поставување мрежи од страв од напади со дронови

Сподели со своите пријатели

Британските Кралски воздухопловни сили (RAF) преместуваат авиони во хангари и зајакнати засолништа преку ноќ за да ги заштитат од можни напади со беспилотни летала, додека размислуваат за инсталирање заштитни мрежи околу авионите што остануваат на отворено, објави Скај њуз.

Мрежи против беспилотни летала веќе се користат во Украина за заштита на воената опрема, критичната инфраструктура и важните патишта од руски беспилотни летала.

Заострувањето на безбедносните мерки во Велика Британија доаѓа во време кога MI5 и Министерството за одбрана ги предупредуваат компаниите што испорачуваат воена опрема во Украина за зголемен ризик од руска саботажа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанската полиција разоткри мрежа за финансирање на Хамас: Уапсени две лица во Барселона (ВИДЕО)

Во исто време, Иран е осомничен за планирање напад врз воздухопловната база на RAF Ферфорд во Глостершир, која ја користат американските воздухопловни сили.

Поради тие закани, Пентагон ги евакуираше бомбардерите од базата, а американските авиони беа повлечени од друг британски авијациски објект.

„Тајмс“ исто така пишуваше за мерките на RAF, откако началникот на воздухопловните сили, Харв Смит, ја истакна важноста на вежбањето преместување на авиони на различни локации во случај на конфликт.

Смит изјави дека во текот на летото, поради изградбата на нова писта во базата Брајс Нортон, RAF успешно префрлиле авиони од Прествик во Шкотска до Боскомб Даун во Вилтшир, без прекин на работата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов напад на Хутите врз Саудска Арабија: Погодена е една од највисоките кули, повредени се 11 лица

Тој додаде дека ваквите операции мора да се практикуваат почесто за воздухопловните сили да бидат подготвени за евентуален конфликт.

Распоредувањето авиони на повеќе локации го отежнува нивното таргетирање, за разлика од ситуацијата кога авионите се концентрирани во неколку бази. RAF редовно вежбал вакви сценарија за време на Студената војна, но нивото на подготвеност се намалило по распадот на Советскиот Сојуз.

Во меѓувреме, бројот на оперативни воздухопловни бази е исто така намален, па затоа Британските воздухопловни сили денес имаат помалку опции за распоредување авиони отколку во 1980-тите, иако во вонредни околности можат да користат и цивилни аеродроми.

Подготвеноста на RAF беше тестирана и во март за време на двонеделната вежба „Agile Warrior“, во која воздушни и копнени единици низ Велика Британија симулираа последици од сајбер напади и ракетни закани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАА ВО РИЈАД: Ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите (ВИДЕО)