Под влијание на циклонска акивност, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд на пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег.
Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.
Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период наместа и над 80 l/m².
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Утрата ќе бидат со температура и под нула степени.
Никола Ивановски

