Делови од Куманово и Липково денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово и Липково денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 06:30 до 15:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците на дел од улиците „Иво Лола Рибар“, „Партизанска“, „Климент Охридски“, дел од плоштадот „Маршал Тито“, како и Стопанска банка.

Без струја денеска од 09:00 до 12:40 ќе биде липковското село Отља.

Утре во период од 08:45 до 14:45 прекини ќе има и кај корисниците на дел од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка на издржување затворска казна поради измама

Прекини утре ќе има и во дел од липковското село Ваксинце и тоа во период од 09:00 до 12:30 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски