Шпанската полиција разоткри мрежа за финансирање на Хамас: Уапсени две лица во Барселона (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шпанската национална полиција уапси две лица во Барселона под сомнение за учество во финансирањето на палестинската милитантна организација Хамас и нејзиното вооружено крило, Бригадите Из ад-Дин ал-Касам.

Според полицијата, уапсените биле поврзани со меѓународна мрежа за собирање и трансфер на пари наменети за Хамас и неговите структури во Појасот Газа, објавува шпанскиот весник „Ла Разон“.

Осомничените се обвинети и за индоктринација, охрабрување на други да се радикализираат, величење на тероризмот и финансирање на терористичка организација.

Истражителите откриле дека користеле посредници, компании за трансфер на пари и криптовалути за да ги прикријат финансиските трансакции и да го отежнат идентификувањето на крајните приматели на парите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакери упаднаа во системите на ЦИА и американското разузнавање: Откриени податоци на неколку владини агенции

Со анализа на финансиските текови и меѓусебната комуникација, полицијата успеала да реконструира сложена меѓународна мрежа, да ги открие нејзините врски и да ги идентификува лицата кои на крајот ги примиле парите.