Активности за чистење на речното корито на реката Кумановка започнаа во Куманово, со цел подобрување на хигиената, заштита на животната средина и уредување на речниот тек.

Информацијата ја објави градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека со овие активности се работи на почиста и поуредена животна средина.

Од Општината апелираат до граѓаните да не го загадуваат речниот тек и да придонесат за зачувување на природата, нагласувајќи дека реката не е место за фрлање отпад.

„Да не загадуваме, туку да бидеме дел од промената! Заедно да создадеме почисто и поубаво Куманово“, порача Димитриевски.




Никола Ивановски

