Тројца тинејџери вчеравечер биле приведени под сомнение дека викендов физички нападнале 23-годишник во Куманово.
– На 22.11.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Т.А.(21), М.Б.(18) и М.К.(20), сите од Куманово, затоа што на 22.11.2026 на улица „Перо Чичо“ во Куманово физички го нападнале Д.Ј.(23) од Куманово, при што употребиле и тврд предмет, а се обиделе да употребат и остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

