21-годишник од Куманово возел без дозвола, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека управувал возило без да поседува дозвола.

– На 21.11.2026 во 14:15 часот на регионален пат во село Доброшане полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки при што било констатирано дека возилото го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 38-годишен кумановец, ја нападнал поранешната сопруга

Никола Ивановски