Приведен 46-годишен кумановец, возел и покрај активна забрана

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел иако имал активна забрана.

– На 21.11.2026 во 10:45 часот на регионален пат во село Доброшане полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.С.(46) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки по што било утврдено дека возилото го управува по активна забрана.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделава без струја повеќе делови од Куманово

Никола Ивановски