Дваесет и тригодишен кумановец викендов пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица.
– На 22.11.2026 во 02:10 часот во СВР Куманово Д.Ј.(23) од Куманово пријавил дека на улицата „Перо Чичо“ во Куманово бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврд предмет и се обиделе да употребат и остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

