Неделава без струја повеќе делови од Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „11 Ноември“ и „Никола Вапцаров“ поради реконструкција на нисконапонска мрежа.

Од истата причина без струја во период од 09:00 до 12:00 часот денеска ќе бидат и корисниците од месноста Ореов Лад, како и улиците „Питу Гули“ и „Иво Лола Рибар“.

Денеска во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има и во липковско Опае.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска силен ветер и дожд, утринските во длабок минус

Утре во период од 08:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците од селата Табановце, Воиновиќ, Сопот, како и воените објекти во село Четирце.

Во период од 08:00 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Долно Којнаре, Горно Којнаре, Речица, Табановце, Сопот, Воиновиќ, Граничниот премин Табановце, како и дел од улицата „Никола Тесла.

Прекини во период од 08:45 до 14:45 часот утре ќе има и кај дел од корисниците од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Задутре пак, во среда, од 06:30 до 15:00 часот без струја ќе останат и улиците „Бранко Богдановски Гуцман“, „Теофон Економов“, „Бараждинска“, дел од населбата Трговски, улицата „Горно Милановачка“, како и дел од булеварот „Трета МУБ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Куманово бил агресивен кон неговата мајка, полицијата го привела

Од 08:00 до 15:00 часот, задутре без струја ќе биде дел од селото Младо Нагоричане, поточно корисниците спроти млинот „Моша Мел“.

Од 08:15 до 15:30 во среда прекини ќе има на дел од булеварот „Трета МУБ“, поточно објектите спроти бензинската пумпа на „Лукоил“.

Во период од 08:45 до 14:45 во среда прекини ќе има и кај корисниците на дел од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Поради реконструкција на нисконапонски вод во среда без струја во период од 09:15 до 14:00 часот ќе остане компанијата „Тушевски“ на улицата „11 Октомври“.

Во четврток во период од 06:30 до 15:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците на дел од улиците „Иво Лола Рибар“, „Партизанска“, „Климент Охридски“, дел од плоштадот „Маршал Тито“, како и Стопанска банка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишен кумановец натепан со тврд предмет од неколку лица

Без струја во четврток од 09:00 до 12:40 ќе биде липковското село Отља.

Во петок пак, во период од 08:45 до 14:45 прекини ќе има и кај корисниците на дел од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски