Неколку локации во Куманово во понеделник привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Електродистрибуција, во понеделник во период од 09:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците од улицата „11 Ноември“ и „Никола Вапцаров“ поради реконструкција на нисконапонски вод.
Прекини во период од 09:00 до 12:00 часот во понеделник ќе има кај месноста Ореов лад, улиците „Питу Гули“ и „Иво Лола Рибар) исто така поради реконструкција на нисконапонски вод.
Никола Ивановски

