Двајца повредени во сообраќајна незгода во Романовце

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода која вчера се случила во атарот на кумановското село Романовце.

– На 19.11.2026 околу 10:15 часот на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот П.Т. од Куманово, удрило во Н.М.(61) од Куманово, а потоа во патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое претходно го запрел Н.М. поради дефект, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „цитроен“, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово, променливо и натпросечно топло

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски