Од петок, 20 ноември, Франција ќе го зголеми нивото на ризик од птичји грип од „умерено“ на „високо“, што е највисоко ниво на предупредување и подразбира, меѓу другото, задолжително чување живина во затворени простории, според декретот на француското Министерство за земјоделство објавен денес во Службен весник.
Одлуката на Министерството е донесена поради зголемување на бројот на случаи на високо патоген птичји грип кај дивите птици во неколку соседни земји, како и потврдени епидемии на инфекција на француска територија, вклучително и мали домаќинства кои одгледуваат живина, објавува Фигаро.
На почетокот на септември, на фарма за патки во департманот Мен и Лоара беше откриена епидемија на високо патоген птичји грип, како резултат на што беа убиени околу 7.600 животни.
Во текот на сезоната 2025/2026, од август 2025 до крајот на јули 2026 година, во Франција се регистрирани 156 епидемии на птичји грип на фарми и во мали домаќинства.
Тој број е значително помал во споредба со рекордната сезона од 2021/2022 година, кога беа регистрирани илјадници жаришта.

