Делови од кумановско денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ Куманово денеска и утре привремено во текот на денот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „60“ во населбата Карпош.

Во период од 09:00 до 14:30 часот прекини во снабдувањето ќе има и во селото Јачинце.

Утре од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има на дел од улицата „Моша Пијаде“.

Без струја утре ќе биде и селото Клечовце и тоа во период од 09:00 до 12:00 часот.

Прекини утре ќе има и во селото Опае во Општина Липково, во период од 08:45 до 13:45 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски