Триесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека со остар предмет нанел повреди на малолетници во населбата Карпош.
– На 11.11.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.М.(38) од Куманово затоа што во населба Карпош во Куманово физички нападнал неколку малолетници, при што им нанел повреди со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

