Брачен пар од Куманово измамен за сума од 14.000 евра

Сподели со своите пријатели

Брачен пар од Куманово пријавил во полицијата дека бил измамен за сума од 14.000 евра при договор за изведување градежни работи.

– На 09.11.2026 во 12:00 часот во СВР Куманово, 51-годишен маж со неговата 49- годишна сопруга пријавиле дека биле измамени од М.К. за сума од 14.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од вработен на бензинска пумпа во Скопје

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски