Турција не сака да види нов бран напади на САД врз Иран, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган им рече на новинарите за време на враќањето од Азербејџан дека му го пренел своето мислење на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неодамнешниот телефонски разговор, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на Ердоган.
„Во секоја прилика, нагласуваме дека е можно да се решат овие прашања преку дијалог и дипломатија. За жал, повторно сме сведоци на негативен развој на настаните. Правиме сè што е во наша моќ да го спречиме тоа“, рече Ердоган.
Патем, ирачкиот премиер Али ал-Заиди им рече на лидерите на Координативната рамка дека видел дел од воениот план презентиран на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучува пенетрација на американските сили во јужен Иран преку Ирак, објави багдадскиот весник Ал-Мада.
Од друга страна, Трамп изјави во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес дека „не сака“ да ја ескалира војната со Иран и дека „мисли дека нема причина“ за тоа.

