Нов воен сојуз: Турција ратификуваше договор со Пакистан и Саудиска Арабија

Сподели со своите пријатели

Турскиот парламент вчера го ратификуваше Договорот за заедничка одбрана меѓу Пакистан, Саудиска Арабија и Турција.

Нацрт-законот за ратификација на Договорот од Мека беше усвоен од Големото национално собрание на Турција, објави агенцијата Анадолија.

Како што е наведено, ова ѝ отвори пат на Анкара да испрати воена поддршка на Ријад, поради нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија.

Според овој договор, кој трите регионални сили го потпишаа во август, а кој беше испратен во парламентот на одобрување минатиот месец, напад врз еден од потписниците се смета за напад врз сите нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска приведе шест лица: Се сомничат за шпионажа и соработка со руските служби

Минатата недела, Хуриет објави дека Турција подготвува нов одбранбен концепт кој вклучува планирање за можноста за војна од големи размери, проширување на военото присуство во странство, обединување на воените структури во Либија и можност за воспоставување турска воена база во Саудиска Арабија.