Без струја денеска неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово денеска привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска  во период од 08:00 до 13:30 часот прекини ќе биде една компанија на улицата „Иво Лола Рибар“, поради реконструкција на НН вод.

Во период од 08:30 до 13:00 часот прекини утре ќе има и на улицата „Егејска Македонија“.

Од 09:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе бидат и мештаните на селото Јачинце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќа сонцето, утринските температури во минус