ЗНАМ: ИАРСМ го зајакна своето место во европскиот систем на акредитација

Сподели со своите пријатели

Во рамките на отчетот, директорот на Македонскиот национален институт за акредитација – ИАРСМ, Нико Берберу, ги презентира резултатите од работењето на институцијата, нагласувајќи дека нејзиното зајакнување, професионализацијата и усогласувањето со европските стандарди се дел од програмските определби на ЗНАМ при влегувањето во Владата во 2024 година.

ИАРСМ ја помина четвртата редовна реевалуација од Европската организација за акредитација – ЕА, спроведена во мај 2026 година, со што ја потврди својата стручност, компетентност и позиција во европскиот систем на акредитација.

Ова е особено значаен резултат за македонското стопанство и за компаниите ориентирани кон извоз, бидејќи меѓународното признавање на акредитацијата ја зголемува довербата во квалитетот на македонските производи и услуги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Учениците ќе учат како да се однесуваат безбедно во сообраќајот, најавува МОН

Денес, во системот на ИАРСМ функционираат од 220 до 250 акредитирани тела за оцена на сообразност, меѓу кои лаборатории, медицински лаборатории, инспекциски и сертификациски тела.

Во 2025 година успешно беше завршена и транзицијата на акредитираните медицински лаборатории кон новиот стандард МКС EN ISO 15189:2022.

Особено внимание беше посветено на јакнењето на човечките ресурси и стручните капацитети. Институтот располага со 36 водечки оценувачи, 118 технички оценувачи и 59 експерти, а континуирано се инвестира во нивната едукација и професионална надградба. Реализирани се обуки за антикорупцискиот стандард ISO 37001, квалитетот на земјоделските производи, органското производство и специјализирани обуки во рамките на Европската организација за акредитација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Учениците ќе учат како да се однесуваат безбедно во сообраќајот, најавува МОН

Дигитализацијата и модернизацијата на институциите се уште еден приоритет што ЗНАМ го претвора во конкретни активности.

Во ИАРСМ се започнати процеси за дигитална архива, системи за управување со документи, заштита на податоците, резервни копии и технолошка инфраструктура за понатамошно воведување на вештачка интелигенција во работните процеси.

Унапредено е и учеството на Институтот во меѓународните и европските структури за акредитација – ЕА, ИЛАК и ИАФ, како и соработката со националните тела за акредитација од регионот.

На домашен план е продлабочена институционалната соработка со ресорните министерства, Институтот за стандардизација, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Резултатите во ИАРСМ се потврда на суштинската политичка определба на Движењето: да градиме силни, професионални, ефикасни и европски усогласени институции, наместо институции заробени во партиски интереси и административна неефикасност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Учениците ќе учат како да се однесуваат безбедно во сообраќајот, најавува МОН

Нашата цел не е само формално исполнување на европските стандарди, туку создавање институции што обезбедуваат квалитет, сигурност и доверба, ја поддржуваат конкурентноста на домашното стопанство и отвораат повеќе можности за македонските компании на европските и светските пазари.

ЗНАМ влезе во Владата со јасна определба програмата на Движењето да стане дел од владините политики. Денешните резултати покажуваат дека таа определба се спроведува преку конкретна институционална работа, мерливи резултати и одговорност пред граѓаните.

За ЗНАМ, отчетноста не е политичка декларација, туку обврска резултатите да зборуваат за сработеното.