Кумановци кои ги направиле своите домови енергетски поефикасни можат да освојат награда

Сподели со своите пријатели

Домаќинствата од Куманово кои презеле мерки за зголемување на енергетската ефикасност во своите домови можат да учествуваат на јавен награден конкурс, организиран од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, во соработка со Општина Куманово.

Целта на конкурсот е да се промовираат и поттикнат мерките за енергетска ефикасност кај домаќинствата, како и да се претстават економските, социјалните и еколошките придобивки од нивната примена.

На конкурсот можат да учествуваат домаќинства кои веќе спровеле одредени мерки за енергетска ефикасност во своите домови.

Преку нивните примери ќе се популаризираат практични решенија кои придонесуваат за поефикасно користење на енергијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој предизвикал сообраќајка под дејство на алкохол

Јавниот награден конкурс се одржува од 12 октомври до 10 ноември 2026 година, во времетраење од четири недели, а пријавувањето се врши преку веб-страницата www.ekosvest.com.mk.

Наградата за енергетска ефикасност ќе биде доделена на јавен настан во Општина Куманово, со кој ќе заврши и јавната кампања посветена на промоцијата на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Никола Ивановски