Британецот Карл Бушби (57) се врати во родниот град Хал на североистокот на Англија по 28-годишното долго патување пеш околу светот, во кое поминал повеќе од 57.900 километри, посетил 29 земји и се соочил со бројни опасности, меѓу кои поларни мечки, киднапери и притвор во Русија.
Бушби беше свечено пречекан на плоштадот „Кралицата Викторија“, со присуство на голем број граѓани и медиуми, откако го заврши патувањето кое започна во 1998 година, кога ја напушти војската со намера 12 години да шета низ светот, пишува Гардијан.
На своето патување тргна од Пунта Аренас, Чиле и речиси 30 години следеше две правила: да не се враќа дома до крајот на потфатот и да не користи превоз.
Тој преминал четири континенти, замрзнати мориња, пустини, џунгли и планини, вклучувајќи го Беринговиот теснец помеѓу Алјаска и Русија и Дариен јаз во Централна Америка.
За време на патувањето се соочил со истрели, средба со поларна мечка, обвинение за шпионажа и притвор во Русија, по што бил осуден на депортација.
По враќањето во Хал, Бушби најпрвин ги поздравил насобраните граѓани, а потоа ја сретнал мајка си Анџела (75) која го чекала пред неговиот дом од детството.
Повторно го видел и синот кој сега има 36 години, како и 12-годишната внука со која првпат се сретнал.
Неговото враќање, според медиумите, треба да го направи првиот човек што прошетал низ светот, посетил 29 земји и го надминал претходниот рекорд за најдолга континуирана пешачка патека.
На приемот беше прочитана пораката на британскиот премиер Енди Барнам, кој го опиша потфатот на Бушби како извонредно достигнување и ја истакна неговата одлучност и верба во себе.
На настанот присуствуваше и германскиот режисер Вернер Херцог, кој снима документарен филм за патувањето на Бушби.
Бушби се врати во Англија на почетокот на октомври, а целта му била да стигне до родниот град.
View this post on Instagram

