Судир на хеликоптери на Монт Еверест, едно лице загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Индиски државјанин загина, а државјанин на Нов Зеланд е повреден во судир на два хеликоптери што се случи во непалската област Монт Еверест.

Според информациите од локалните власти, несреќата се случила за време на подготовките за слетување, пренесува Ројтерс.

Началникот на округот Солухумбу Каман Синг Тапа Магар потврди дека повредениот Новозеланѓанец бил спасен.

Тој додаде дека несреќата се случила во областа на базниот камп на Монт Еверест.

Во судирот учествувале хеликоптери Fishtail Air и Dynasty Air.

Компанијата Fishtail Air објави дека нивниот хеликоптер превезувал патници кои претходно биле спасени од областа Еверест и дека се урнал при слетувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентски протест во Франција: Се очекуваат до 30.000 демонстранти

Еден од претставниците на компанијата појасни дека државјаните на Индија и Нов Зеланд биле туристи.

Од друга страна, претставник на Dynasty Air изјавил дека нивниот хеликоптер превезувал само товар.

Несреќата се случила среде шпицот на планинарската сезона на Монт Еверест.