МРК Куманово немаше доволно сили за ГРК Охрид

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа пораз на средбата со ГРК Охрид викендов на домашен терен со резултат 24:28.

Гостите го отворија натпреварот подобро и уште во почетните минути направија предност од четири гола (2-6).

МРК Куманово добро играше па Охрид на пауза замина со предност од 11-15.

Кумановци не се предадоа во вториот и покажаа карактер и борбеност.

Со пожртвувана игра, домашниот состав успеа да се врати во натпреварот, а со серијата голови на Фереира и Костов ја намали негативата на четири гола (20-24), внесувајќи неизвесност во завршницата но на крајот триумфираше гостинскиот тим со конечни 24-28.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

Во редовите на МРК Куманово најефикасен беше Фереира со шест погодоци, додека Костов постигна пет гола.

Голманот Григор Трајковски имаше одлично издание и натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Ова беше седма победа за тимот на Охрид од почетокот на сезоната, додека Куманово има запишано само една.

Никола Ивановски