Делови од Куманово и околината денеска и утре ќе останат привремено без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има во селото Јачинце.
Во период од 09:30 до 14:00 часот без напојување денеска ќе бидат населбата Средорек, дел од улицата „Доне Божинов“, објектите околу Автобуската станица и дел од улицата „Никола Тесла“.
Утре во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, „Осогово“, како и дел од улицата „11 Ноември“ поточно пред мостот за населбата Бедиње.
Од 08:30 до 13:00 часот утре без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Егејска Македонија“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

