Приведен жител на Алгуња, возел иако немал дозвола

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишник од село Алгуња бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека возел иако немал возачка дозвола.

– На 29.10.2026 во 16:05 часот во село Алгуња, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициско одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода П.К.(40) од село Алгуња, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Витезите темплари донираа кревети, душеци и медицинска опрема за кумановската болница (ВИДЕО)

Никола Ивановски