Школски автобус со 20 деца удри во ѕид од куќа во Германија, има повредени

Сподели со своите пријатели

Школски автобус со околу 20 деца се забил во ѕид од куќа во Бад Олдесло, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, утрово, а точниот број и сериозноста на повредите засега не се познати.

Несреќата се случила околу 7:20 часот наутро на улицата Зилцберг, кога автобусот, од непознати причини, го преминал кружниот тек и удрил во ѕидот од куќа, објави „Билд“.

Возачот бил заробен во автобусот по несреќата, а жената и неколку патници се повредени, потврди полицијата.

Точниот број на повредени засега не е утврден.

Службите за итни случаи, пожарникарите и полицијата се на местото на несреќата, а областа е блокирана, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блокот на Нетанјаху освои 53 мандати, но нема мнозинство за да формира влада