Утре посебен сообраќаен режим во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Изменет сообраќаен режим ќе има утре во Куманово поради одржувањето на традиционалната трка „Born 2 Run – Спортот нѐ поврзува“.

Привремено ограничување на сообраќајот ќе има на делови од улиците „Гоце Делчев“, „III МУБ“, „Железничка“, „Октомвриска Револуција“ и „Доне Божинов“.

Организаторите, Центарот за интеркултурен дијалок, ги повикуваат граѓаните да ја почитуваат привремената сообраќајна регулација за безбедно и непречено одвивање на трката.

Осмото издание на „Born 2 Run“ ќе се одржи утре, 31 октомври, со почеток во 12 часот на плоштадот „Нова Југославија“, а учесниците ќе се натпреваруваат на патеките од 3 и 10 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Точка до точка“ - Самостојна изложба на уметникот Александар Симоновиќ во Куманово

Никола Ивановски