Викенд прогноза за Куманово: Со какво време ќе заврши октомври?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна во текот на денот ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе се збратими со четири града од Црна Гора, Србија, БиХ и Казахстан

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 11 степени целзиусови.

Во текот на вечерните часови кон недела ќе имаме врнежи од дожд.

 

 

Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на целиот ден во недела, кога ќе дува слаб до умерен северен и североисточен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Витезите темплари донираа кревети, душеци и медицинска опрема за кумановската болница (ВИДЕО)

Врнежите од дожд според сегашните прогнози ќе престанат дури в среда.

Никола Ивановски