Полициски службеник бил физички нападнат при обид да спречи купопродажба на наркотици во липковско Лојане.
– На 27.10.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода А.С.(27) од с.Лојане, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил затекнат во с.Лојане при обид да купи дрога од Б.М..
– Во обид да извршат проверки над нив, Б.М. го стартувал патничкото возило „бмв“ и од прозорец нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што побегнал, велат од кумановската полиција.
Како што стои во соопштението, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

