Советот на Општина Куманово утре, 29 октомври, ќе ја одржи редовната седница на која ќе се разгледуваат предлог-одлуки за збратимување со четири града, регулирање на општинскиот линиски превоз, општинските финансии и повеќе други прашања од локално значење.
Седницата е закажана со почеток во 10 часот, во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.
Меѓу точките на дневниот ред се предлог-одлуките за збратимување на Општина Куманово со Херцег Нови во Црна Гора, Источно Сараево во Босна и Херцеговина, Караганда во Казахстан и Чајетина во Србија.
Советниците ќе расправаат и за предлог-одлуката за уредување на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на Куманово, како и за кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет за вториот квартал од 2026 година и предлог-одлуката за проширување на буџетските средства.
На дневен ред се и извештајот за реализација на програмите за уредување на градежното земјиште, изградба и одржување на комуналната инфраструктура, како и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава.
Советниците ќе ги разгледуваат годишниот извештај за работата на детската градинка „Ангел Шајче“ за учебната 2025/2026 година и годишната програма за работа за учебната 2026/2027 година. Пред нив ќе се најде и програмата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот 2027–2029 година, со акциски план.
Меѓу останатите точки се и давањето согласност за трајно користење на градежна машина „Caterpillar“ на Општина Куманово, донација на движни ствари за ООУ „Толи Зордумис“, како и дополнување на годишниот план за вработување во Општина Куманово за 2026 година.
На седницата ќе се разгледуваат и предлог-одлуки поврзани со јавниот повик за избор на член на Надзорниот одбор на ЈП „Пазаришта“, како и предлози за разрешување и именување претставници во управни и училишни одбори на неколку образовни установи и член на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.
Вкупно, на дневниот ред се предвидени 20 точки, а целиот дневен ред може да го погледнете во продолжение:
1. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Херцег Нови – Република Црна Гора;
2. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Источно Сараево – Република Српска, Босна и Херцеговина;
3. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Караганда – Република Казахстан;
4. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Чајетина – Република Србија;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за давање на трајно користење на градежна машина „Caterpillar“ на Општина Куманово;
6. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;
7. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;
8. Програма на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Општина Куманово за 2027/29 година, со акциски план;
9. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2026 година;
10. Предлог – Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
11. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2026 година;
12. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
13. Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово;
14. Предлог – Одлука за давање согласност на Дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2026 година;
15. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 03/26 – делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
16. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 03/26 – второ делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
17. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Управниот одбор на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово;
18. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Браќа Рибар” – с. Табановце;
19. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Јероним Де Рада” – с. Черкези;
20. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово.
Никола Ивановски

