Без струја денеска и утре делови од Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово и Старо Нагоричане денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција,  денеска оод 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тане Георгиев“, додека од 09:00 до 14:00 часот прекини ќе има и во селото Јачинце.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и утре, четврток, кога во период од 08:00 до 14:30 без струја ќе бидат корисниците од улиците „Осогово“, „Боро Прцан, дел од улицата „11 Ноември“ (пред мостот за Бедиње), како и дел од улицата Србо Томовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре седница на Советот на Општина Куманово: Меѓу точките збратимувања и градскиот превоз

Поради реконструкција на среднонапонска и нисконапонска мрежа, утре прекини ќе има и во голем дел села од Куманово и Старо Нагоричане во период од 08:30 до 12:30 часот, и тоа: Војник, Стрезовце, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање, Кокошиње, Скачковце, Кучкарево, Градиште, Габреш и Колицко.

Никола Ивановски