Без струја денеска и утре неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 07:45 до 14:45 часот прекини ќе има на дел од улицата „300“ (од магистрала до чешмата во Ајдучка Чешма).

Прекини денеска ќе има и на дел од улицата „Доне Божинов“ и дел од булеварот „Октомвриска револуција“.

Без струја денеска од 07:45 до 14:45 часот ќе бидат и липковските села Лопате, Липково, Отља, Матејче, Виштица, Никуштак, Лукаре, Гошинце, Стрима.

Утре од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тане Георгиев“, додека од 09:00 до 14:00 часот прекини ќе има и во селото Јачинце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  62-годишен кумановец возел мотокултиватор без дозвола, полицијата го привела

Прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и задутре, четврток, кога во период од 08:00 до 14:30 без струја ќе бидат корисниците од улиците „Осогово“, „Боро Прцан, дел од улицата „11 Ноември“ (пред мостот за Бедиње), како и дел од улицата Србо Томовиќ.

Поради реконструкција на среднонапонска и нисконапонска мрежа, задутре прекини ќе има и во голем дел села од Куманово и Старо Нагоричане во период од 08:30 до 12:30 часот, и тоа: Војник, Стрезовце, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање, Кокошиње, Скачковце, Кучкарево, Градиште, Габреш и Колицко.

Никола Ивановски