Почина Димитар Антевски, истакнат спортски работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

На 83-годишна возраст почина Димитар Антевски, долгогодишен професор по физичко и здравствено образование , кој со својата посветеност и работа придонесе за развојот на бројни генерации млади спортисти.

Антевски важеше за еден од истакнатите спортски работници во Куманово. Под негово водство и менторство се изградија плејада ракометари, ракометарки, кошаркари и други спортисти, а неговиот професионален ангажман остави значаен белег и во образованието.

Како наставник, беше врвен педагог од кого учениците стекнуваа знаења не само од областа на спортот и физичката култура, туку и за важноста на дисциплината, почитта и одговорноста.

Редовно ги советуваше младите покрај спортските активности да бидат добри ученици и да ги почитуваат постарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

За својот долгогодишен труд и придонес во спортот, Антевски доби бројни признанија на општинско и републичко ниво. Колегите, учениците и спортистите ќе го паметат по неговата несебичност, благородност и посветеноста на спортот и младите во Куманово.

Веста за неговата смрт ја споделија и неговите колеги, кои со голема тага и почит се простија од долгогодишниот професор, истакнувајќи дека со својата работа оставил длабока трага во училиштето и во градот.

„Професорот со својата работа и целокупен ангажман остави длабока трага во нашето училиште, нашиот град Куманово, за кој му благодариме и со почит ќе се сеќаваме за сѐ што остави зад себе со своето име и презиме“, се наведува во објавата на неговите колеги од ООУ „Браќа Миладиновци“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,65 промили алкохол

Погребот на  ќе се одржи утре, 27 октомври 2026 година, во 14 часот, на Градските гробишта во Куманово.

Никола Ивановски