Во рамки на превентивните активности, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи денеска потсети дека возачот може да биде санкциониран доколку на предното совозачко седиште превезува лице под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, во случаите предвидени со закон.

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи, такси-превозници, како и возачите кои вршат јавен и меѓународен превоз на патници, да се информираат за законските одредби и доследно да ги почитуваат правилата за безбеден сообраќај.

– Во спротивно, за секое загрозување на безбедноста во сообраќајот, на патниците во возилото и на другите учесници во сообраќајот, ќе бидат преземени законски санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потенцира началничката Лиле Младеновска.

Таа апелираше на одговорно однесување во сообраќајот и почитување на законските прописи, со цел заштита на животот и безбедноста на сите учесници на патиштата.


Никола Ивановски

